Добила карти за Суперкупот на УЕФА, а не знае кои играат (ФОТО)

Лотаријата заврши, УЕФА ги подели влезниците за Суперкупот, па тргнаа и реакциите на социјалните мрежи, некои се радуваат, други се лути на изборот.

Девојка на својот фејсбук профил напиша дека добила билет а не ни знае кои ќе играат.

Со билети за Суперкупот се пофалија и многу други на кои ова ќе им биде и прво одење на фудбалски натпревар во животот. Фактот што голем дел од влезниците завршија кај луѓе што ќе одат само за да се пофалат дека биле и да направат селфи, предизвика реакции на социјалните мрежи.

Извор: 24fudbal