Димовски со реакција за заканата од Мицотакис: Чудно, нели?

Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ со реакција откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се закани дека нема да се ратификуваат протоколите за соработка со Република Македонија.

- Тие секако чекаат од 2020 година (во случај ако на новите опозиционери им текне да ја критикуваат новата сеуште невоспоставена власт)... Еден од тие протоколи се однесува на процесот на пристапување на Република Македонија кон ЕУ... Без тој грчки протокол, и со неколку бугарски вета, ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ... Чудно, нели? Попатно ќе побараат да се откажеме уште од некоја своја историска или идентитетска карактеристика, и онака веќе почнавме...објави Димовски на својот фејсбук профил. 

Да почекаме да видиме дали денес ќе има приближно исти реакции за Мицотакис, како што имаше за Силјановска... вели на крајот од објавата Димовски.