ДИК информира за масовна излезеност до 17 часот

До 17 часот одѕивот од гласањето на денешните предвремени парламентарни избори е 60,38 проценти, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски.

Излезноста во првата Изборна единица е 66,38 проценти, во ИЕ 2 59,76 проценти, во ИЕ 3 е 64,89 проценти, во ИЕ 4 е 67,15 проценти, во ИЕ 5 е 58,46 проценти, а во ИЕ 6 изнесува 46,82 отсто.

Како што информира Чичаковски, од прелиминарно обарботените податоци за гласање во дијаспората, досега гласале 8.208 избирачи или 39,90 отсто од запишаните 20.571. 

Според  портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, до ДИК се поднесени 335 приговори. Најголемиот дел од граѓаните се пожалиле дека ги нема на Избирачкиот список. Сите приговори се одбиени зашто, како што објасни Гугучевска, од досега разгледаните приговори е утврдено дека овие граѓани биле на списокот со спорни гласачи и не поднеле барање за пријавување во предвидениот рок.