Граѓанска органзација ТАКТ со гордост ви го претставува спортското видео, прво од ваков вид на нашите простори, кое ги прикажува девојките спортистки  како хероини, притоа потенцирајќи ги многубројните придобивки од спортувањето. 

Во видеото се застапени осум различни спортови како кошарка, велосипедизам, кик бокс, пливање, параглајдерство, тенис, фудбал и атлетика, и со тоа се истакнува широкиот спектар на спортови кои девојките можат да ги изберат. Целта на видеото е да охрабри и инспирира што поголем број на девојки да бидат спортско активни, затоа што спортот ги зајакнува девојките, ги прави моќни, борбени, истрајни и самоуверени.

Ова револуционерно видео е изработено во рамките на иницијативата ,,Зајакнување на девојки преку спорт’’ која е поддржан од амбасадата на Кралството Холандија, а реализирана од граѓанската организација ТАКТ, која се залага и промовира родова еднаквост во спортот.

Погледнете го видеото ,,Девојки како нас’’! Инспирирајте се од приказните на овие осум македонски спортистки и од моќта на спортот да трансформира животи. #ДевојкиКакоНас #ПридружиНиСе

Posted by TAKT - Together Advancing Common Trust on Monday, October 9, 2017