Девиците се едни од најдобрите, но и најкомплицираните личности во хороскопот. Оние кои се нивни пријатели, веќе го знаат ова. Но, тие знаат и дека ретко се наоѓа така добар пријател како личноста родена во овој знак.

Тие се брутално искрени

Нивната искреност понекогаш може да биде сурова, но тие секогаш сакаат да помогнат. Девиците се приземјени личности и не сакаат да ви сервираат нешто што само сакате да го слушнете, но е далеку од реалноста. Тие секогаш ќе бидат до вас како пријатели, но со нив секогаш ќе ја понесат искреноста.

Идеално пријателство

Девиците се одлични пријатели бидејќи со нив секогаш постои баланс. Нема да ве оптеретуваат многу и нема да бараат многу, односно ќе ви се дадат како пријатели онолку колку што сметаат дека е потребно за едно пријателство. Тоа е така бидејќи како личности, Девиците се многу посветени на работата и често таа е на прво место за нив.

Најдобри организатори

Ако треба некој да ви организира роденденска забава, или обично вечерно излегување, Девиците се совршената личност за тоа. Никогаш нема да направите грешка ако им дадете шанса тие да организираат нешто од сам почеток до крајот.

Ориентирани се кон деталите

На Девиците деталите им се многу важни и тоа ги прави уникатни пријатели. Тие ќе ги запаметат сите нешта кои ви значат и тоа е еден од најголемите квалитети кои ги посакуваат. Доколку започнете да се гледате со нова личност, Девиците се тие кои ќе ги забележат нивните добри и лоши страни многу подобро и порано од другите.