Детали за пукањето во Чаир: Момчето донесено починато на Ургентен, извршена 45-минутна безуспешна реанимација

Дваесет и четиригодишно момче почина откако во него попладнево беше пукано од возило во движење на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје.

Полицијата потврди дека инцидентот се случил околу 17:40 часот.

Момчето е пренесено во Ургентиот центар без знаци на живот, потврдија од Клиниката за трауматологија, ортопетски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Директорот на ТОАРИЛУЦ,  Илир Хасани изјави дека е извршена 45-минутна реанимација, но безуспешно.

На местото на настанот увид вршеа полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.