Дескоска и Лога со меѓусебни обвинувања за состојбите во правосудството

Немањето напредок во правосудството, да го вклучи алармот во Министерството за правда и Судскиот совет. Екс министерката Дескоска која го раководеше секторот правда, извештајот на Европската комисија, го спореди со школско сведителство во кое државата за предметот судство добила единица.

Виновници за незадоволителната оцена препозна во правда и Судски, па им порача – со префрлање на одговорноста, напредок нема.

„Оставете ги суетите настрана. Бидете свесни дека во оваа област, „битката за ситни политички поени“ собрани преку јавни препукувања и надмудрувања може да биде фатална, како што и веќе се покажува дека е“.

Во оценката на Дескоска напишана на фејсубк се препозна актуелниот министер Лога. Цитирајќи ја латинската изјава на римскиот филозоф Цицерон, „чудни времиња – чудни обичаи“, Лога сугерираше дека токму неговата претходничка Дескоска е автор на измените во Кривичниот законик за кои државата доби критики.

„Во темнината пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, во светлината држат предавања за правдата“.

Извештајот за состојбите во правосудството ги доби и Врховен. За него, ЕК нема критика. Се наведува дека судот работел на унапредување на судската практика според европски стандарди.