Денеска во Кисела Вода започнува пролетна дератизација

Општина Кисела Вода отпочнува со дератизација на јавните површини на својата територија.

Од денеска, постапката за уништување на  глодарите започнува од урбаните заедници Пржино и Црниче, по што ќе бидат опфатени и сите јавни површини низ останатите месни и урбани заедници низ општината.

Дератизацијата ја спроведува Центарот за јавно здравје и согласно планот ќе бидат опфатени 1960 шахти. Општина Кисела Вода, согласно програмата на Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна срединна организира вакви акции за уништување на штетните глодачи два пати годишно, на пролет и на есен.

new nike air max 2019