Денеска и утре прскање против комарци во скопска општина

Општина Петровец ги информира жителите дека денеска и утре (22 и 23 јуни) на територијата на општината во вечерните часови ќе се изврши терестична апликација со средство за уништување на возрасни форми на комарци.

- Доколку временските услови не го дозволат вршењето на терестичната дезинсекција на горенаведениот датум, дезинсекцијата ќе биде направена првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, соопштија од Општина Петровец.

Исто така, се известуваат пчеларите навремено да ги превземат потребните мерки за заштита на пчелите.