Денеска и утре облачно, од понеделник со температури и до 30 степени

Во Македонија во сабота умерено облачно време со повремени и локални врнежи од дожд, претежно во попладневните часови но и потопло време со благ пораст на дневните температури.

Минималните од 6 до 15 степени, а максималните дневни од 12 до 22 степени. Во недела намалување на облачноста и повеќе сончеви периоди па ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне во јужната половина од Македонија со услови за слаби и локални врнежи.

Утринските температури од 4 до 13 степени, а дневните од 17 до 27 степени. Во понеделник и вторник стабилизација на времето, ќе биде претежно сончево и топло време со осетен пораст на температурите. Минималните од 3 до 12 односно од 4 до 13 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат од 19 до 29.