Денеска е Задушница - спомен за мртвите

Во православната црква, празникот Задушница секогаш паѓа во саботата пред Митровден,кој се слави на 8-ми ноември. Тогаш, верниците ги посетуваат гробовите на своите најблиски, таму држат помен и делат храна за душа на упокоените.

Притоа, во секоја црква се служи литургија за упокоените. Во црквата  постојат два вида задушници: општи и засебни. Засебните задушници се одржуваат од семејствата  во спомен на нивните упокоени роднини, а општите задушници ги назначува црквата, грижејќи се за сите свои упокоени верници.

Инаку  секоја сабота, црквата во своите молитви се обраќа кон сите светци, сеќавајќи се на сите претходно упокоени верници.