Денеска е 4.4 -  моќен ден за остварување на соништата

Денеска владее магијата на две четворки.

Овој моќен нумеролошки ден носи енергија за учење нови нешта и завршување на сите важни обврски. Чувајте се од импулсивноста и внимателно бирајте ги зборовите. 

Повторувањето на броевите е секогаш значајно во нумерологијата. Така, денеска добиваме двојна енергија на бројот 4, кој е и бројот на напорната работа, но и знаењето. 

Април е месец во кој треба да научиме нешто ново, да размислиме за своите животни цели и дали нашите мисли и дела се во согласност едни со други. Време е да се сосредоточиме на конкретни чекори кои треба да ги оствариме. 

Но, денеска важно е да се избегнува импулсивното однесување, да се избегнуваат расправии и докажувањето дека сме во право. 

За да ја искористите енергијата најдобро, важно е да излезете во природа, да се потрудите да го разубавите својот дом, да внесете цвеќе во него и едноставно, да се оттргнете од лошите мисли.