Скопје повторно го тресат афтершокови по земјотресот на 11 септември годинава, кој по рихтерова скала беше 5,3 степени, пренесува Дневник.
Според сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет ПМФ, вчерашниот земјотрес во Скопје во 12:52 минути кој беше почувствуван во Скопје, бил со јачина од 3.1 степен според европската макросеизмичка скала, а епицентарот бил на 6 километри источно, на длабочина од 5 километри.
Сеизмолозите од оваа опсерваторија, уште по серијата земјотреси во септември, најавија дека очекуваат помали потреси како афтершокови се додека не се смири земјата од движењата на тектонските плочи и блокови, но за тоа понекогаш е потребно да поминат и до две години.
Сеизмолозите велат дека афтершоковите се всушност празнења на енергијата што се несобрала во земјата по земјотресите. Силата на афтершоковите зависи од тоа колкава енергија останала заробена во земјата.