Дел од скопјани добија евтина дневна струја

Семејствата кај кои екипите на ЕВН Македонија ги прилагодија броилата, од вчера користат евтина дневна струја од 14 до 16 часот. 

Од ЕВН велат дека прилагодувањето на броилата се одвива според отчитувачки групи и ќе трае четири недели, период за кој треба рачно да се адаптираат околу 800.000 броила.

Граѓаните веќе се информирани во последната сметка од кој период можат да сметаат на евтина тарифа на струјата.

Прилагодувањето почна со четвртата отчитувачка група која се реализира во деновите од 25 до 29 септември. Од почетокот на наредниот месец пак,  од 02 до 06 октомври ќе се прилагодуваат броилата, од првата група.од 06 до 15 октомври втората група и последни ќе бидат прилагодени броилата од третата отчитувачка група односно од 17 до 24 октомври.

На дисплејот на броилото на кое е прилагодена евтината дневна тарифа, во периодот од 14 до 16 часот од понеделник до сабота, ќе биде активен индикаторот за тарифа Т2 по што граѓаните ќе препознаат дека во тој период имаат евтина тарифа.

Евтината дневна тарифа беше воведена од владата и со одлука на Регулатроната комисија за енергетика и се проценува дека оваа мерка и пониските сметки сметки за струја за граѓаните годишно ќе го намалат салдото на енергетските компании за околу 8 милиони евра.