Дејли Маил: Скопје - најевтина туристичка дестинација во Европа

Амстердам е најпопуларна дестинација за британците, додека Скопје е најевтина европска дестинација за нив - ова го покажало истражувањето trivago.co.uk, еден од најпопуларните сервиси за пребарување хотели во Велика Британија.

Во еден од трите инфографици кои ги објави денес весникот Дејли Маил, главниот град на Република Македонија е на второто место на листата на најевтини градови според анализата на овој сервис. На првото место е Софија, а истражувањето е направено врз основа на просечната цена на хотелските услуги. Веднаш под Скопје на листата се наоаѓаат речиси сите главни градови од соседството.

И покрај ниските трошоци за посета на Скопје, сепак македонската метропола не се најде на листата на најпопуларни дестинации за британците. Таму на врвот е Амстердам, потоа е Даблин и трет е Париз.