Голем број луѓе во пролетните денови особено се чувствуваат уморно, истоштено и имаат проблеми со концентрацијата, главоболки, па дури и некои посериозни здравствени тегоби. Ваквите симптоми, помалку или повеќе ги чувствуваат метеоропатите кај кои лечењето треба да е спонтано, односно најголем дел од проблемите престануваат при промената, или подобрувањето на времето.

Експертите исткануваат дека не станува збор за заболување, туку за реакција и здравствени симптоми кои се јавуваат при промена на еден или повеќе метеоролошки фактори – температура, влажност на воздухот, ветер, атмосферски притисок. Според нив, се смета дека промените на времето делуваат на организамот преку вегетативниот нервен систем, а се забележува и податокот дека во ваквите денови, често болниците се полни со пациенти. Атмосферскиот притисок, влажноста на воздухот и температурата се основни промени кои организмот ги регистрира, дури и пред да сме свесни самите за тоа.

Истражувањата покажуваат дека дури 80 % од светската популација на еден или на друг начин ги чувствуваат временските промени и дека овој број  постепено расте поради климатските промени. Во групата на метеоропати спаѓаат и мажите и жените, па дури и голем број од децата. Особено на тоа се чувствителни жените поради месечниот циклус и хормонските промени кои влијаат на нивната здравствена состојба.

Најчестите симптоми кои се јавуваат кај метеоропатите се следните: депресија, главоболки и вртоглавици, хипертензија, физичка слабост, влошување на симптомите на веќе постоечките болести, забрзано чукање на срцето, нервоза, чести промени во расположението и тн.

Постојат 2 видови метеоропатија:

Примарна – или основна метеоропатија која се јавува кај здравите личности во вид на промена во расположението, телесна слабост или болки за време на временските промени.

Секундарна  - која претставува состојба на веќе присутна болест (висок крвен притисок, срцеви и белодробни заболувања, воспалителни и дегенеративни болести, како и проблеми со мускулите и зглобовите) кои се влошуваат поради времето.

Ако патите од метеорологија, треба редовно да ја следите биометеоролошката прогноза, така што ќе можете на време да се подготвите за промена на времето или да ги ублажите или избегнете симптомите кои ви се јавуваат.

Што може да ви помогне?

Се препорачува земање на магнезиум и витамин Б6, кои можат да ги намалат симптомите. Освен тоа, добро е да се поминува време во природа и да се избегнува долго седење во затворена просторија или пред компјутер.

Билни чаеви

Ако патите од метеоропатија, се препорачува да пиете чај од камилица, липа,  лимон или лимонова трева кои ја намалуваат нервозата, иритираноста и напнатоста.  Се препорачува овие чаеви да се пијат и неколку денови пред јавување на симптомите, односно со најавата на временската прогноза. Чајот од валеријана исто така е одличен избор за оние кои патат од несоница и стрес. Се препорачува да се пие навечер.

Гуарана

Екстрактот од семките од гуарана го елиминира заморот и го стимулира централниот нервен состав. Како природен стимуланс, гуараната се препорачува на личностите под стрес и оние кои сакаат од себе да извлечат максимум кога тоа е најпотребно. Се користи за подобрување на когнитивните функции и перформанси кај спортистите. Делувањето на гуараната се поврзува со високото ниво на кофеин кој го содржи оваа билка, но која за разлика од кафето не предизвикува негативни ефекти како брзо чукање на срцето или забрзан пѕлс. Таа ги опушта мускулите, ги намалува тешкотиите, ги штити невроните и влијае на сексуалната желба.

Лецитин

Лецитинот се препорачува кај оние кои имаат болни зглобови, тешко се движат или се чувствителни на временските промени. Тој помага и во подобрување на фокусот и концентрацијата. Тој може да се најде во сојата и се препорачува дневна доза лецитин од 200-500 мг.

Жен  шен

Тој го јакне и стимулира организмот. Неговото делување е докажано кај метеоропатите. Екстрактите на оваа билка помагаат во справувањето со стресот и лошото расположение. Се користи и за подобрување на телесната кондиција, работните способности, зголемување на општата отпорност на организмот и јакнење на срцето, крвните жили и нервниот состав. Се препорачува да се зема подолго време. Но, се препорачува да се внимава кај оние кои имаат висок крвен притисок.