Американско истражување ја открива вистинската поврзаност меѓу самозадоволувањето и сексуалниот живот.

Mажите кои учествувале во ова истражување, одговарале на прашања како тоа колку мастурбирале во последните две недели, дали имале сексуални односи во тој период, колку често, колку биле задоволни од него…

Дури 61 отсто од испитаниците признале дека мастурбирале во последните две недели. Се покажало дека мажите кои имале чести сексуални односи и се задоволни од нив, и покрај тоа мастурбираат. Мажите, пак, кои се помалку задоволни со квалитетот на сексуалниот живот, почесто мастурбираат.

Заклучокот е дека на мажите не им е толку битен бројот на сексуални односи, туку квалитетот на истите.