Clara 3000 KTDJ вечерва во Сектор 909 @ програма за овој викенд

Сектор 909 со голема чест ги повикува љубителите на психоделична музика на вечерашниот настан, гостувањето на диџејката која доаѓа од Париз и е гарант за одлична атмосфера. Спој на најквалитетнотот од неколку епохи на електронска музика, настанот почнува од полноќ а домашна поддршка ќе биде Ивана Драгшиќ.

Остатокот од викендот, во петок музика ќе пуштаат Fecky Fariis и Herzel, додека во сабота ќе настапи Corrado Bucci (Local Talk-Compost Rec-rebirth) и Андреј Мицајков.