Чудо во Скопје: Мечка во пајтон, вампири на полноќ

Бо­ем­ски­те до­жи­ву­ва­ња се на­вис­ти­на не­ис­црп­ни, осо­бе­но ако ста­ну­ва збор за бо­ем­ско-лов­џис­ки­те случ­ки во Скоп­је. Тие се пол­ни со дух, ма­ри­фет­ла­ци и мај­тап, на кои на­вис­ти­на им не­ма крај. Ем бо­ем ем лов­џи­ја, е тоа е на­вис­ти­на ле­ген­дар­на ком­би­на­ци­ја. Нај­го­ле­мо скоп­ско со­би­ра­лиш­те на бо­е­ми­те, лов­џи­и­те и но­ви­на­ри­те, но и на ле­ка­ри­те и сту­ден­ти­те, би­ла ка­фе­а­на­та "Мар­гер" на Плош­та­дот. Во еден за­пис ду­хо­ви­то се ве­ли: "Ако ги са­ка­те нај­но­ви­те вес­ти од по­ли­ти­ка­та, љу­бов­ни­те афе­ри, фи­нан­сис­ки­те скан­да­ли, зат­ку­лис­ни­те иг­ри и тај­ни во Скоп­је - то­гаш пој­де­те во 'Мар­гер'. Та­му ќе чу­е­те и ќе раз­бе­ре­те сe". Се дис­ку­ти­ра­ло пре­ку ма­са, по­не­ко­гаш се до­фр­лу­ва­ле по­грд­ни збо­ро­ви и це­ла­та ка­фе­а­на се прет­во­ра­ла во ед­но единс­тве­но друш­тво, пол­но со жес­то­ка енер­ги­ја и емо­ции. Ве­лат де­ка глав­ни­от збор во се­то тоа го има­ле но­ви­на­ри­те, за Вест раскажува скопкиот хроничар Данило Коцевски.

Еден бо­ем, зго­ра на тоа и ло­вец, но и поз­нат но­ви­нар од еден скоп­ски вес­ник (на­вис­ти­на жес­то­ка трој­на ком­би­на­ци­ја), гос­по­ди­нот Ми­ха­и­ло, по ед­на ма­ла кав­га и лов­џи­ско ча­ла­ме­ње во "Мар­гер", нап­ра­вил вис­тин­ско чу­до во Скоп­је. Во гра­дот дол­го вре­ме по­тоа се рас­ка­жу­ва­ло за таа случ­ка. Би­деј­ќи ги пот­це­ну­ва­ле не­го­ви­те спо­соб­нос­ти, тој од­лу­чил да им по­ка­же кој е тој.

Во сре­да, на 17 ав­густ 1932 го­ди­на, во пра­ве­цот од де­неш­на­та ули­ца Ма­ке­до­ни­ја кон Плош­та­дот и ка­фе­а­на­та "Мар­гер", се по­ја­вил пај­тон во кој на зад­но­то се­диш­те спо­кој­но се во­зе­ла, ни­шај­ќи и вр­теј­ќи со гла­ва­та, вис­тин­ска, ог­ром­на меч­ка. Сe жи­во од тро­то­а­рот на ули­ца­та се раз­бе­га­ло, лу­ѓе­то од Плош­та­дот ги сне­ма­ло за миг во спо­ред­ни­те ули­ци, а ма­си­те од те­ра­са­та на ка­фе­а­на­та се ис­праз­ни­ле. Го­ре, до пај­тон­џи­ја­та, се­дел г. Ми­ха­и­ло, на­ре­чен Ми­ка, гор­де­ли­во и без страв. Пред "Мар­гер", тој сле­гол од пај­то­нот со лов­џи­ската пуш­ка пре­ку ра­мо­то и, за­ед­но со пај­тон­џи­ја­та, со крај­ни си­ли ја из­ва­дил меч­ка­та од пај­то­нот. По­тоа тие ја по­ло­жи­ле на тро­то­а­рот. Таа, всуш­ност, би­ла мрт­ва, со го­ле­ма, прос­трел­на ра­на во ср­це­то. Од­ли­чен стре­лец бил г. Ми­ка. Нас­ко­ро се на­соб­ра­ло мно­гу на­род, а по из­вес­но вре­ме, меч­ка­та пов­тор­но би­ла ка­че­на во пај­то­нот и храб­ри­от ло­вец ги про­ше­тал си­те глав­ни ули­ци во Скоп­је со неа! И сe ќе би­ло во ред ако кај скоп­ски­те бо­е­ми и мај­тап­чии не се ја­вил сом­неж. Се по­сом­не­ва­ле де­ка г. Ми­ха­и­ло бил спо­со­бен да по­го­ди меч­ка во ср­це­то! Во тоа вре­ме, во Скоп­је би­ло от­во­ре­но го­ле­мо стре­лиш­те. За­пи­си­те ве­лат де­ка се на­о­ѓа­ло на прос­то­рот на Дол­но Вод­но.

Пок­рај вој­ска­та, не­го го ко­рис­те­ло и гра­ѓанс­тво­то, осо­бе­но лов­џи­и­те кои веж­ба­ле. Ко­га та­му до­шол г. Ми­ха­и­ло, мај­тап­чи­и­те се скри­ле за да не мо­же да ги ви­ди. Не са­мо што тој ни­ту ед­наш не по­го­дил во цел­та ту­ку ком­плет­но ги про­ма­шил це­ли­те. То­гаш се от­кри­ла тај­на­та: меч­ка­та, всуш­ност, не ја оте­пал г. Ми­ха­и­ло, ту­ку не­кој не­гов при­ја­тел. Тој, се раз­би­ра, ниш­то не приз­на­вал, ни­ту са­кал да чуе за тоа. Еден скоп­ски вес­ник, се­пак, на­пи­шал: "Г. Ми­ха­и­ло не би мо­жел да ја по­го­ди меч­ка­та в ср­це ду­ри таа и да сто­е­ла мир­но". Го на­рек­ле "поз­нат униш­ту­вач на меч­ки и дру­ги ѕве­ро­ви".

Во Скоп­је, во се­кое ма­а­ло има­ло поз­на­ти пај­тон­џии, кои би­ле мно­гу це­не­ти. Но и так­ви кои го за­поч­ну­ва­ле за­на­е­тот и бр­зо се от­ка­жу­ва­ле. Ко­га еден од нив са­кал да го про­да­де пај­то­нот по ви­со­ка це­на, мај­тап­чи­и­те му смис­ли­ле ед­на ит­ри­на. Му рек­ле де­ка во Скоп­је по пол­ноќ, точ­но на од­ре­де­но мес­то, се ја­ву­ва­ле вам­пи­ри, се ка­чу­ва­ле во пај­то­нот и се во­зе­ле низ гра­дот. Би­ле не­вид­ли­ви и ко­га пај­тон­џи­и­те ќе се свр­те­ле да ви­дат кој им збо­ру­ва од­за­ди, не­ма­ло ни­кој. Пај­тон­џи­ја­та не ве­ру­вал во тоа и по пол­ноќ зас­та­нал на по­со­че­но­то мес­то. Ули­ца­та би­ла оса­ме­на и пус­та. По­чувс­тву­вал бла­го лу­ла­ње ка­ко не­кој ко­га се ка­чу­ва во пај­то­нот, а мај­тап­чи­и­те од­за­ди ис­пуш­та­ле мор­ни­ча­ви гла­со­ви, бла­го ни­шај­ќи го во­зи­ло­то. Газ­да­та из­бе­гал и ут­ре­ден­та ит­но го про­дал пај­то­нот за по­ло­ви­на це­на. 

Бо­е­ми­те-ше­га­џии ре­ши­ле да го "каз­нат" ка­фе­ан­џи­ја­та, кој не им да­вал "на ра­буш". По фај­рон­тот, ко­га не­ма­ло ни­кој, влег­ле во ка­фе­а­на­та и са­ми­те се гош­та­ва­ле. По два де­на из­ле­гол на­пис во вес­ник пот­пи­шан од газ­да­та, кој си­гур­но е еден од нај­ко­мич­ни­те од тоа вре­ме. Тој гла­си: "На не­поз­на­ти­те гос­ти - на ли­ца­та кои ја по­се­ти­ле мо­ја­та ка­фе­а­на на де­сет­ти овој ме­сец по фај­рон­тот, и во ис­та­та се ме­зе­ле, пи­е­ле пи­во, а по­тоа зе­ле со се­бе не­кол­ку ку­тии со­ле­ни мор­ски ри­би и ед­на го­ле­ма тег­ла ки­се­ли крас­та­ви­ци (110 пар­чи­ња), ако се чес­ни, иа­ко сто­ри­ле краж­ба, не­ка ми ја вра­тат ба­рем тег­ла­та со крас­та­ви­ци, би­деј­ќи за ис­та­та сум пла­тил ка­у­ци­ја. Се­то ос­та­на­то, не­ка им е алал! - газ­да Пе­тар, ка­фе­ан­џи­ја". Ко­га са­ка­ле да се ре­лак­си­ра­ат, бо­е­ми­те оде­ле и во ка­фе­на­та-ка­ба­ре "Ва­ри­е­те" на Плош­та­дот, ко­ја по­доц­на го но­се­ла име­то "На­ши­нец". Та­му, на би­ната во вид на школ­ка, нас­та­пу­вал поз­на­ти­от ар­тист Дим­че Трај­ков­ски. Ка­ко што ве­лат хро­ни­ча­ри­те, тој чес­то нас­та­пу­вал со Пет­ре Пр­лич­ко, То­дор­че Ни­ко­лов­ски и со Трај­ко Чо­рев­ски. Сум за­пи­шал не­кои од ко­мич­ни­те сти­хо­ви на Дим­че Трај­ков­ски, она­ка ка­ко што ми ги ка­жу­ва­ле пос­та­ри­те, а за­поч­ну­ва­ат со: "Ас сум Дим­че, ме зна­е­те си­те, за ме­не не ште­де­те ги па­ри­те", итн. Стенд-ап ко­ме­ди­и­те кои де­нес се осо­бе­но по­пу­лар­ни, има­ат дол­га тра­ди­ци­ја во Скоп­је.