Чоколадни шишарки

Едноставен рецепт! Оди вака:

50гр сусам се запекува во тенџере на рингла (пазите да не ви изгори), му се додаваат 170гр маргарин (или путер)

Се додаваат 4 лажици мед

Се додава 1 шолја шеќер и 2 лажици какао.

Варите се заедно за да добиете една смеса или додека не се растопе шеќерот! После додавате корнфлекс во вид чоколадни мали топчиња.

И во модла правите шишарчииња! Ако немате модла тогаш користете го вдлабнатиот дел од цедалката за лимун.