Цената на струјата во Македонија најниска во Европа

Македонија е меѓу земјите со најниската цена на струјата во Европа. Според анализите на европските статистичари цената на електричната енергија во Македонија е пониска за 55% од европскиот просек. Просечната цена на струјата во земјите од ЕУ изнесува 18,4 евра за 100 киловат-часови. Како што посочуваат од Евростат најскапа струја плаќаат Данците и тоа 29,8 евра за 100 киловат часови, а најевтина Бугарија со 8,7 евра за 100 киловат-часови.

Анализите за земјите кои не се членки на ЕУ, покажуваат дека во Македонија цената на струјата е за 55% поевтина од европските, а во Србија за 47%. Во регионот поскапа струја има во Словенија, Хрватска и Црна Гора.

Цената на струјата во Македонија е меѓу најнсиките во Европа и во регионот, во услови кога во Македонија се повеќе се намалува домашното производство. Според последните податоци увозот на електрична енергија во вкупната потрошена електрична енергија достигнува околу 32%. Само за споредба Светската банка наведува дека увозот на електрична енергија во 2000 година изнесувал 5%. Vаквата увозно зависност се случува во услови кога македонските граѓани плаќаат ниска цена на електричната енергија која е субвенционирана односно за две третини пониска од просекот на Европската Унија, констатираат од Светска бакна.