Целосно обновени три лежечки полицајци на улицата Народен фронт во Капиштец

Центар започна со проектот за сервисирање на таканаречените "лежечки полицајци" на улиците на територија на општината.


Вчера целосно беа обновени три "лежечки полицајци", на улицата Народен фронт во Капиштец.

Целта е зголемен степен на безбедност при движење на пешаците и велосипедистите, но и регулирање на брзината на моторните возила кои се движат во овој дел од Центар.