Целосно блокиран сообраќајот во центарот на Скопје (ФОТО)

Раскрсниците кај Судска палата, кај Црвен крст и кај Соборниот храм денеска се блокирани од поддржувачите на движењата Протестирам и Шарена револиција.

Повеќе нема да има организирани протести секој ден во 18 часот, но секојдневно ќе одржуваат најразлични герила-акции, информираат организаторите.