Цело Скопје блокирано - внимавајте во сообраќајот!

Вистински сообраќаен хаос се случува утрово на улиците во Центар и Аеродром. Големи колони возила и по 20 минути чекаат во место.

Причината за сообраќајниот метеж е уште едно од низата судење за случајот „Диво Насеље“.

На социјалните мрежи граѓаните реагираат за сообраќајниот метеж и со забелешка дека истиот се случува во време кога скопјани патуваат кон своите работни места.

„Добро има ли некој нормален да каже СТОП на ова безредие што се прави со судењето за Диво Насеље. Како ретардирани чекаме да поминат во термин кога сите одат на работа. Дај некој нека ја каже агендата кога има судење за сите порано да тргнеме на работа“. Ова на Ѕидот на сообраќајниот срам утрово го напиша Драган Саздовски.