Бранко Ѓуриќ- Ѓуро вечерва во Скопје со хит комедијата „Ѓурологија“

Познатиот босански актер Бранко- Ѓуриќ- Ѓуро настапува во Скопје со хит комедијата „Ѓурологија“. Настапот е закажан за вечерва од 20 часот во Домот на АРМ.

Со својот препознатлив босански шарм и долгогодишното актерско искуство, што особено се отсликува во неговите култни проекти „Топ листа надреалистa“ и „Аудиција“, Бранко Ѓуриќ Ѓуро преку „Ѓурологија“ навистина го дава најдоброто од себе.

Еден вид (анти)стенд ап шоу „Ѓурологија“, како што сака да го нарече самиот Ѓуро, е всушност збирка од неговите интимни размислувања и погледи на животот, кои ги раскажува на искрен и урнебесен начин, одржувајќи ја публиката воодушевена, и речиси со непрекинато смеење.

Харизматичниот сараевчанец со холивудска и интернационална кариера како актер, режисер, кантавтор и рок музичар, во претставата ги обединува сите негови уметнички улоги и на публиката и претставува неспоредливо шоу од 90 минути. Претставата веќе неколку години руши рекорди на гледаност во светот на театарот и стенд ап комедијата на нашите простори.