Бранка Станковска - една од старите скопјанки чие име е препознатливо и денес!

Една од најпознатите Скопјанки е и Бранка Станковска, познаттаа телевизиска и радио водителка.

Станковска е доајен на македонското спикерство и синоним за убав говор, дикција и совршено владеење на литературниот македонски јазик.

Родена е на 30 април 1931, во Скопје, а почина на 21 јануари 2021 година.

 Во Македонската радио-телевизија го поминала целиот работен век (1948-1987). Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 гогидна е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа.

Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читала вестите на првиот телевизиски „Весник“, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.

Беше една од најпознатите спикерки и водителки не само во Македонија туку и пошироко.