Бранимир Китановиќ ја доби наградата за најдобар полицаец во Скопје

Наградата за најдобар полицаец за 2018 година што традиционално ја доделува Град Скопје ја доби полицаецот Бранимир Китановиќ.

- Вработен сум во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, работам во Министерството за внатрешни работи веќе 23 години. Оваа награда од Град Скопје е плод на напорна, тешка и обемна работа. Изминатата година се соочивме со многу настани, многу случки и тешки задачи на кои одговоривме се надевам успешно, секако со помош на началникот на Одделението. Упатувам најголема благодарност до сите мои колеги од Одделението без кои не би можел ова да го постигнам. Апелирам да се подигне свеста и културата во врска со возењето и паркирањето за да се подигне нивото на безбедност за сите нас.