Блокади во центарот на Скопје

Раскрсниците кај Судска палата, кај Црвен крст и кај Соборниот храм денеска на пладне ќе бидат блокирани од поддржувачите на движењата Протестирам и Шарена револиција.

Повеќе нема да има организирани протести секој ден во 18 часот, но секојдневно ќе одржуваат најразлични герила-акции, информираат организаторите. Последните нивни барања се Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и да запре прогонот врз демонстрантите. Рокот за ова е до18 јуни.