Бислимовски: Без надоместокот од 200 денари за мрежарина граѓаните ќе плаќаа поскапа струја за 15%

По обвинувањата дека надоместокот од 200 денари е неуставен претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски вели дека ако не бил тој цената на струјата ќе се зголемела за речиси 15 %.

„Нема никакви екстра профити и дека укинувањето на надоместокот од 200 денари како би се одразило. Тоа се 2400 денари на годишно ниво. Дали ќе има 200 или нема да има 200 денари, приходот на Електродистрибуција е ист. Укинувањето на надоместокот би ги зголемило цените на електричната енергија за прв блок 9,3%, односно за евтина тарифа за 14,54 проценти.

Најпластично сакав да покажам дека ниту сме дале екстра профит ниту пак сме им наштетиле на потрошувачите,туку воведовме правилен начин на распределба на трошоците. Зошто оние што имаат редовна потрошувачка да имаат поскапа евтина струја за 14,5 проценти за да ги спасиме оние што имаат по пет стана и не живеат во нив.

Тоа беа причините поради кои РКЕ се реши да гововеде овој надоместок од 200 денари. Како ќе минува времето, потрошувачката на електрична енергја се повеќе ќе се намалува благодарение на трендот на поставување на фотоволтаици кај фирмите и кај домаќинствата. Не е фер оние што немаат пари за фотоволтаици да плаќаат зголемена цена на струјата поради намалената потрошувачка. Ќе постават оние што имаат пари, а не верува дека на тие им е проблем да плаќаат 200 денари“ рече Бислимоски.