Билка за поголеми гради

Многу често жените се чувствуваат несигурно поради малите гради и решението го бараат во естетската хирургија. Но, не мора да биде така. Операцијата не е единствениот начин има решение и без операција. Хмељот е магичната житарка која може да им помогне на жените!

Богат е со влакна, па затоа е добар за регулирање на столицата, а витамините од хмељот го подобруваат растот на косата и ноктите. Делува и како средство за смирување.

Туку, маубетот беше за градите. На градите влијае така што го полни сунѓерестото ткиво на дојките. По 12 недели градите стануваат поголеми и округли, а резултатите се трајни. Хмељот може да се консумира како и секој друг додаток во храната.

Сите жени кои имаат проблеми со дигестијата, со чир на желудникот или ако имаат некаква болест на дојките, можат да користат и таблети на база на хмељ, но секако со одобрение на лекар. Не се препорачува да се консумираат таблети во тек на бременост и доење, но затоа трудниците и доилките можат да го консумираат во каши.

Хмељот (Humulus lupulus)  се употребува како ароматичен додаток и средство за конзервирање пиво, а уште подолго се употребува како билен лек. Ова билка е ползавец достигнува должина до 6 м; лековитиот дел е сместен во ситните жлездени ресички на лушпестите, чунести плодови. Кинеските и европските лекари го ценат седативното дејство на билката.  Активната материја во хмељот е лупулинската киселина. Таа ја намалува активноста на централниот нервен систем и го поттикнува спиењето.