Бидете насмеани и живејте живот на кој ќе бидете горди

Ова се неколку вистини кои ќе ве мотивираат и инспирираат да продолжите и да бидете насмеани и покрај сите неуспеси и драматични настани од вашето минато, или пак стари работи кои ве тераат да мислите дека не можете да продолжите понатаму.

  1. Секогаш бидете љубезни. Не можете да знаете со што се справуваат луѓето околу вас.
  2. Можеби немате огромно богатство за да им помогнете на другите, но секогаш давајте им го своето внимание. Особено на блиските луѓе кои ви значат.
  3. Вашиот проблем не се нештата кои ви се случуваат, туку мислите кои ги имате во однос на таквите нешта и настани.
  4. Немојте да дозволувате недостатокот на самодоверба да ве спречи да пробате нешто ново. Можеби таму ќе се пронајдете себеси, можеби таму лежи вашата страст.
  5. Никогаш нема да бидете мастери на универзумот и затоа не обидувајте се да контролирате сè во вашиот живот.
  6. Запаметете дека балансот во вашиот живот не е трајно нешто. Треба да се потрудите постојано да го постигнувате – преку вашите мисли, дејствија и живеење.
  7. Не ги оставајте нештата за утре, за некогаш. Обидете се да ги завршите веднаш.
  8. Не барајте материјални нешта за да ја пополните празнината во себе, бидејќи никогаш нема да успеете во тоа.
  9. Не се оптеретувајте со каење, грижа на совест и тажни емоции. Оставете ги старите работи во минатото.
  10. Прифатете ги подароците кои животот ви ги нуди. Не мора да заработувате премногу за да бидете среќни, бидејќи колку и да заработувате –тоа никогаш нема да е доволно.
  11. Развијте способност во одреден дел од својот живот за да го стишите својот ум и да се исклучите.
  12. За да бидете успешни, мора да одлучите што сакате. Запаметете дека самите ја одредувате насоката во својот живот.
  13. Не сфаќајте сè лично, бидејќи нештата кои другите луѓе ги кажуваат и прават, немаат никаква врска со вас.
  14. Никогаш не е доцна. Никогаш не е доцна да се охрабрите себеси, да се сакате себеси и да се прифатите себеси такви какви што сте.