Без оглед на тоа колку ти е скршено срцето, светот нема да застане поради твојата тага

 

Верувам... дека нашето потекло и околности можеби влијаеле на нас, но ние сме одговорни за она што ќе станеме.

Верувам... дека колку и да е добар нашиот пријател, одвреме-навреме ќе нè повреди и треба да му простиме за тоа.

Верувам... дека тоа што некој не нè сака онака како што ние сакаме, не значи дека не нè сака најмногу што може.

Верувам... дека искреното пријателство продолжува да расте и при најголеми далечини. Истото важи и за вистинската љубов.

Верувам... дека е потребно време и истрајност за да станеме личноста што сакаме да бидеме.

Верувам... дека драгите луѓе секогаш треба да се поздрават со убави зборови. Можеби тоа е последен пат што ги гледате.

Верувам... дека треба да продолжите дури и кога мислите дека повеќе не можете.

Верувам... дека ние сме одговорни за она што го правиме без разлика на тоа како се чувствуваме.

Верувам... дека или ти го контролираш својот став или тој те контролира тебе.

Верувам... дека храбрите луѓе се тие што го прават она што треба да се направи, без разлика на последиците.

Верувам... дека јас и мојот најдобар пријател можеме да направиме сè или ништо и да си поминеме одлично.

Верувам... дека понекогаш луѓето од кои очекувате удар кога сте на дното, ќе бидат тие што ќе ви помогнат да станете.

Верувам... дека понекогаш кога сме лути имаме право да бидеме лути, но тоа не ни дава за право да бидеме сурови.

Верувам... дека зрелоста е повеќе поврзана со искуствата што сме ги имале и она што сме го научиле од нив, а помалку со бројот на родендени што сме ги прославиле.

Верувам... дека не е секогаш доволно другите да ни простат. Понекогаш треба да си простиме самите на себе.

Верувам... дека без оглед на тоа колку ти е скршено срцето, светот нема да застане поради твојата тага.

Верувам... дека само затоа што двајца луѓе се караат не значи дека не се сакаат. И само затоа што не се расправаат не значи дека се сакаат.

Верувам... дека не треба да се биде упорен за да се открие некоја тајна. Таа може да ви го промени животот засекогаш.

Верувам… дека двајца луѓе истовремено можат да гледаат во нешто и да видат нешто сосема различно.

Верувам... дека дури и кога мислиш дека немаш што повеќе да му понудиш на пријателот кој бара твоја помош, ќе најдеш сила и начин да му помогнеш.

Верувам... дека дипломите на ѕидот не ја покажуваат вредноста на човекот.

Верувам... дека љубовта е најмоќното оружје.

Верувам... дека животот е поскапоцен отколку што парите некогаш можат да бидат.