Бев кум на свадбата и спиев со невестата! Шокантни признанија за неверства пред брак!

На интернет во последно време станаа особено популарни веб-сајтови на кои анонимни луѓе ги пишуваат своите најинтимни исповести. Навистина е неверојатно да се замисли какви се сценарија доживуваат луѓето. Секојдневно се појавуваат нови и нови текстови на кои луѓето ги споделуваат нивните ни малку секојдневни доживувања.

Веб-сајтот Whisperer е наменет конкретно за мажи кои споделуваат искуства со жени кои вечерта пред свадбата ги изневериле своите избраници. Не, не се случува само во филмовите, се случува и во вистинскиотживот.

Пријателот на еден младоженец признал дека спиел со невестата вечерта пред свечената вечера која Американците ја практикуваат ден пред официјалниот ден на свадбата. „Цело време се прашував дали треба да му го кажам тоа“ напиша „пријателот“ во анонимното писмо.

Еден кум признал дека имал секс со невестата само вечер пред свадбата, „ништо не му кажав, се венчаа утредента како се да е во најдобар ред“.  Друг „анонимус“ пак вели дека имал тројка со брачниот пар, три дена пред свадбата. Сепак, некои од признанијата звучат како шпанска сапуница. Целата приказна ја „зачини“ една невеста која сподели дека имала секс со сопствениот кум и тоа во невестинскиот фустан.