Беснееше пожар на Скопска Црна Гора - зафати цел обрач

Голем шумски пожар ја зафати вчеравечер Скопска Црна Гора. На планината можеше да се види како гори цел обрач. Екипи на противпожарната бригада беа на терен, и се справуваа со пожарот и ветрот.

„Поголема шумска површина гореше попладнево и вечерта како да добива на интензитет на ветровитата Скопска Црна Гора. Со голо око од Скопје и околината може да се види цел огнен прстен и како пламените јазици се шират по сртот на планината. Станува збор за место над селата Булачани и Раштак“, изјавија од противпожарната бригада.