Bernays Propaganda овој викенд во МКЦ

Веројатно најперспективниот алтернативен бенд од Скопје, овој викенд ќе ги окупира просториите на МКЦ. Три концерти, едно по друго ќе одржат во просториите на киното „Фросина“ во МКЦ, почнувајќи од петок(25.03). Првично беа најавени само два концерта, во петок, односно сабота, но поради големиот интерес ќе се организира и трет в недела.

Концертите се дел од проектот за промоција на нивниот четврти студиски албум „Политика“. Билетите се во ограничени количини и цената изнесува 200 денари во претпродажба, а можат да се најдат исклучиво на билетарата на МКЦ. Според некои информации, првите два концерта се веќе распродадени, што е и причината за организирање на третиот.

По концертната промоција во Скопје, бендот ќе замине на интернационална турнеја во повеќе градови низ Европа.