Оваа Европска држава нема невработени, платите постојано растат, а се бараат и уште работници: А не е Германија!

Државата која е рекордер во ниска невработеност во ЕУ има потреба од дополнителна работна сила, а во која се очекува и значаен раст на платите еЧешка.

Република Чешка има рекордно ниска невработеност во рамките на ЕУ. Минатата година невработеноста во оваа земја изнесувала минимални 3,6%, што воедно е и најниска стапка на невработеност во историјата на тие простори

Моментално во Чешка­ се бараат 150.000 работници, а најмногу инженери, ИТ експерти,менаџери, продавачи, медицински работници.

Учеството на вработените е на максимално ниво од 72,9% - податок објавен на почетокот на фебруари од Чешкиот Завод за статистика.

Според новите податоци, процентот на невработени во декември 2016 година изнесувал 3,7%, додека овој процент во Германија бил 4,1%.

На ниво на ЕУ, сезонски прилагодената стапка на невработеност на најниско ниво се спуштила во декември 2016 година и изнесувала 8,2%.