Автомобил ја проби оградата на мостот „Гоце Делчев“ – возачот сѐ уште внатре (фото)

Се уште не се знае здравствената состојба на возачот, кој засега се уште се наоѓа во автомобилот.

„Фиат пунто“ се заби во мостот „Гоце Делчев“ и ја проби оградата. Тешката сообраќајна несреќа се случи предмалку во центарот на Скопје.

Брзата помош и екипи на противпожарните бригади пристигнаа на мостот и работат на извлекување на возачот од автомобилот.

Под мостот се извршувале градежни работи.

Фото: Репулика