АВРМ: Во тек се обуките од областа на банкарството

Преку обуки од областа на банкарството до можност за вработување.

Во тек се обуките од областа на банкарството. Овие обуки се спроведуваат за прв пат и се дел од активната мерка Обука за стекнување вештини, во состав на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година.

Селектираните кандидати кои се пријавија на јавниот оглас и го поминаа пред-тестирањето имаат можност да ги следат обуките за сметководствен службеник во банкарски сектор и обуките за вештини за контрола на усогласеноста на работењето на банката со прописите.

Целта на овие обуки е да ја зголемат вработливоста на невработените лица и да овозможат стекување на професионални вештини и квалификации кои се барани на пазарот на трудот.

Обуките од областа на банкарството ќе траат 3 месеци, а со нив е предвидено да бидат опфатени 100 невработени лица.

cheap nike air max 90