Арсовска: Откривме луѓе кои во Германија си возат камиони, а тука си земаат плата

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната прес-конференција кажа дека откриле луѓе кои возат камиони во Германија, а од тука земаат плата.

- Треба да се стави крај на овие луѓе кои земаат плата, а не доаѓаат на работа. Откривме луѓе кои се во Германија и возат камиони, а од тука им стигнува плата. Да се расисти со оние кои не одат на работа, а земаат плата, кажа Арсовска.

Директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева претходно кажа дека успешно се справиле со блокадите и претпријатието функционира нормално без блокади.