Арсовска: Град Скопје во континуитет ги реализира проектите од програмата избрана од граѓаните

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вели дека градот во континуитет ги реализира проектите од програмата избрана од граѓаните, која содржи клучни барања за подобрување на градската инфраструктура.

Арсовска објави и видео на нејзиниот профил на Фејсбук со дел од активностите и проектите кои се реализираат низ главниот град.