Антони де Мело: Среќата не е во тоа што го поседуваме, туку во тоа што сме

Антони де Мело е познат свештеник, психотерапевт и писател од Индија. Тој е роден во Бомбај 1931 година. Има напишано повеќе книги за човечките односи, човековата душа и духовноста.

Ова се неговите најпознати цитати.

Целиот свет е луд. Единствената причина поради која не сме затворени во лудница е поради тоа што нè има премногу.

Научете да го живеете секој ден со полн живот, на хуман и среќен начин.

Никогаш не правете услуги за другите за да ви бидат благодарни.

Зошто не се сосредоточувате на сегашноста, наместо постојано да се надевате на подобра иднина?

Среќата не е во тоа што го поседуваме, туку во тоа што сме.

Пријатните искуства го прават животот прекрасен. Болните се оние кои водат до созревање.

Ако се научите да бидете благодарни, ќе ја откриете вистинската среќа.

Постојат само 2 причини за тага во животот: кога нема да го постигнеме тоа што го сакаме и кога ќе го постигнеме.

Љубовта ги лечи сите, и оние кои ја примаат и оние кои ја даваат.