Алцхајмеровата болест е четврта водечка причина за смртноста во Македонија

Алц­хај­ме­ро­ва­та бо­лест е че­твр­та­та во­деч­ка при­чи­на за смрт­ност во све­тот по­ра­ди ко­ја го­диш­но уми­ра­ат по­ве­ќе лу­ѓе откол­ку од кар­ци­ном на дој­ка и про­ста­та за­ед­но. Про­сеч­но­то пре­жи­ву­ва­ње е око­лу 8 до 10 го­ди­ни, те­шки го­ди­ни, ка­ко за бол­ни­от, та­ка и за не­го­ви­те најб­ли­ски.

По­стои мит де­ка таа е те­шка, но не е смр­то­нос­на ка­ко не­кои дру­ги бо­ле­сти. Алц­хај­ме­ро­ва­та болест е мош­не таж­на бо­лест. Не де­ка има бо­лест ко­ја не е таж­на, но таа е единс­тве­на­та што поле­ка го кра­де бу­квал­но се­то тоа што сте го на­у­чи­ле во жи­во­тот, си­те ва­ши спо­ме­ни, се­ќа­ва­ња од уба­ви и по­мал­ку уба­ви на­ста­ни, си­те ве­шти­ни што ма­ко­трп­но сте ги стек­на­ле низ жи­во­тот, за на крај да ви ги од­зе­ме и ва­ши­те де­ца, со­пруж­ни­ци.

Во на­пред­ни­от ста­ди­ум на бо­ле­ста, по­треб­на е 24-ча­сов­на гри­жа, а не­гу­ва­те­ли­те, нај­че­сто сопружни­ци­те и де­ца­та, се рас­трг­на­ти ме­ѓу гри­жа­та за са­ка­ни­от и се­којд­нев­ни­те ра­бот­ни и се­мени об­вр­ски.

Кај нас, се­мејс­тва­та се оста­ве­ни са­ми на се­бе да се спра­ву­ва­ат со бо­ле­ста, без да има­ат фи­нан­сска под­др­шка или под­др­шка од раз­лич­ни сер­ви­си, днев­ни цен­три и до­маш­ни по­се­ти од струч­ни ли­ца. Со ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње на бо­ле­ста во ра­ни­от ста­ди­ум и на­вре­ме­но поч­ну­ва­ње со трет­ман, мо­же­ме да вли­ја­е­ме на по­до­бру­ва­ње на ква­ли­те­тот на жи­вот и по­дол­го одр­жу­ва­ње на са­мо­стој­но­ста. Забо­ра­ва­ње­то не е дел од нор­мал­но­то ста­ре­е­ње.

Главни симптови на Алцхајмеровата болест е заборавање на скорешни настани, дезориентација во простор и време, проблеми во комункација, промена во расположение и промена во дневната рутина.

Според статистичките податоци во Македонија има на 400.000 лица со над 65 години од кои се проценува дека околу 20 илјади имаат Алцхајмерова болест, а се третираат само 2.000 до 3.000 од нив. Тоа, според ресорниот министер е многу мала бројка. Во државите во соседството како Србија, Хрватска се третираат 40 до 50 проценти.

Податоците на надлежните институции покажуваат дека во светот на секои три секунди има еден нов заболен од Алцхајмер и оти бројот на заболени се удвојува на секои 20 години. Смртноста од оваа болест е поголема од предизвиканата од карцином на дојка и простата заедно. Податоците покажуваат и дека 40 проценти од негувателите на лица со Алцхајмерова болест страдаат од депресија.