Група млади луѓе, организирани од Движењето за едукација и унапредување на дијалогот ЛЕАД, ќе спроведе акција за чистење отпадоци во Градскиот парк во Скопје под мотото „В џеб, ако нема каде друго!“

Акцијата ќе се одржи денеска, а собирно место е Фонтаната во Градскиот парк, во 17 часот. Неколку формални и неформални групи, како и поединци, најавија дека ќе бидат дел од акцијата, на која се поканети да се придружат и граѓаните.

Ова ќе биде прва од планираните седум акции за чистење на разни делови на Скопје и околината  во наредните седум месеци.Со оваа акција почнува втората фаза на проектот „В џеб, ако нема каде друго!“ Првата се реализираше на Водно во текот на минатата година.

Покрај расчистувањето на локациите, акцијата има за цел и да ја крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина.

Проектот В ЏЕБ, ако нема каде друго! е поддржан од програмата Цивика мобилитас.