60-годишник го фотографирал гласачкото ливче, полицијата го уапси

Полицијата вчера уапси 60-годишен гостиварец. 

- На 24.04.2024 во 22.15 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР-Гостивар го лишиле од слобода Ш.Е.(60) од Гостивар, по претходна пријава дека го фотографирал гласачкото ливче во текот на вчерашното гласање за претседателските избори, соопштија од полицијата во дневниот билтен.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.