5 однесувања кои ги уништуваат врските

Добрите врски не се случуваат туку така. Добрите врски се негуваат за да можат да се развиваат. Кога врската е нова, се е возбудливо и прекрасно. Има току многу страст и забава! Што се случува подоцна што ја прави врската да биде незабавна, невозбудлива, нестраствена? Што е тоа што прави да се распаѓаат врските кои толку многу ветувале? Можеби зависи од тоа како се однесувате во врската и како се однесувате кон партнерите. Мислите дека не е толку едноставно? Е па, толку е едноставно.

Ова се 5 типови на однесување кои треба да ги избегнувате ако сакате да имате убава врска.

1. Неискреност

Ова е голем проблем и за жал, многу често се јавува во врските. Неискреноста може да ја убие врската затоа што ја убива довербата, а довербата е клуч за добра врска. Па, ако се најдете себеси во неможност да бидете искрени кон партнерот, вие не треба да бидете во таа врска. И ако другата страна постојано ве лаже, значи дека време е да си заминете.

2. Зависност од социјални мрежи

Социјалните мрежи се дел од секојдневието на луѓето. Речиси сите имаат профил на Фејсбук и голем дел од нив имаат Инстаграм, Снепчет или Твитер. И заразни се. Лесно е да ве занесе и заведе.

Но, не смеете да направите да бидат поважни од вашата врска. Постојаното пишување и проверување на вашите профили додека сте со вашиот партнер е знак за недостаток на почит и интерес. Затоа, додека заедно ручате, седите или гледате филм, тргнете го телефонот настрана.

3. Непочитување

Гледањето во телефон (види погоре), превртување со очи и сарказам се форми на непочитување. Тоа покажува дека немате обзир за чувствата на вашите партнери, а тоа секако дека ги повредува. Клучот за добра врска е да се однесувате со вашиот партнер онака како што би сакале да се однесуваат со вас.

4. Недостаток на внимание

Кога врската е нова, не можете да се заситите еден од друг. Понекогаш, како што тече времето, тоа се менува. Не дозволувајте го тоа. Не, не мора постојано да бидете залепени. Но, мали гестови на внимание се доволни. Бакнете ги кога ќе ги видите, посакајте им убав ден, прашајте ги како им поминал денот, паметете ги работите кои ви ги кажале...

5. Се однесувате како да не сте во врска

Излегување без воопшто да помислите да им се јавите, излегување со друштво без никогаш да ги вклучувате во тоа, правење планови без воопшто да се консултирате со нив покажува недостаток од почит и посветеност. Ако сакате да се однесувате како да сте сами, бидете сами. Ако сакате да бидете во врска, однесувајте се како да се во врска! Навистина е толку едноставно.