5 безвременски совети од Коко Шанел: „Едноставноста е клуч за вистинската елеганција!“

„Модата се менува, но стилот останува.“ – Коко Шанел

Модата постојано се менува, но стилот не е она што нѐ прави модерни. Тоа е начинот на кој го носиме тој стил и тој одредува дали сме соодветно облечени. Коко Шанел го знаела тоа.

Еве пет совети од неверојатната Коко Шанел кои и по неколку децении сѐ уште важат.

Модата е архитектура: сѐ е до умереноста

Зарем не е така? Модата и денес се темели на умереноста. Можеме да носиме големи шалови, но мораме да ги комбинираме со потесни панталони. Многу е важно да се воспостви рамнотежа во облекувањето, од глава до петици. Во спротивно, нашето тело нема да има рамка. Нашата рамка е важна, а Коко настојувала да ја нагласи женската рамка. Таа “сакала да им даде удобна облека на жените која ќе „тече“ преку нивното тело.“ Ако сме добро облечени, тогаш се чувствуваме како да носиме друга кожа.

Едноставноста е клучот за вистинската елеганција

Ако нашата облека е прекомплицирана, тогаш не знаеме каде попрво да гледаме. Генерално треба да посакуваме да привлечеме внимание само на одбрани делови од телото. Сакаме да ја истакнеме од рамката, т.е обликот на телото, а не облеката. Едноставноста е најдобар начин да се постигне тоа. Коко нѐ советува дека „дамата треба да се погледне во огледало и да тргне од себе еден моден додаток пред да излезе од дома.“ Ако носите многу алки, тогаш веројатно не ви треба и прстен на секој прст на рацете. Тоа е конечната рамнотежа, тоа е тактична уметност.

Жената која не носи парфем нема иднина

Ова дури е и малку смешно. Доколку имате иднина и без парфем, парфемот сепак е убава работа. Кога една жена ја запрашала: „Каде би требало да ставам парфем?“ Коко одговорила: „Таму каде што сакаш некој да те бакне.“

Најдобра боја на цел свет е онаа која добро изгледа на вас

Без оглед на тоа што ви кажуваат другите, облекувајте се во боите кои ве претставуваат во најубаво светло.

Облечи се неуредно и луѓето ќе го запомнат фустанот, облечи се беспрекорно и луѓето ќе ја запомнат жената

Ова не значи дека мораме да купуваме скапа облека. Важно е да правиме добри комбинации. Дури и ако вашиот стил е таков, незадолжителен и неуреден, сепак можете да изгледате складно облечени. Немојте да носите прешироки парчиња и на горниот и на долниот дел од телото. Ставете малку парфем и бидете умерени со модните додатоци. Она што е најважно е вашето држење. Ако вашиот стил е малку необичен, тогаш самоуверено покажувајте го! Луѓето ќе ве забележат и ќе ве запомнат.

 

Air Jordan III 3 Shoes