450 тони линдан ќе заминат од Македонија наредната недела

Иако беше најавено за 3 мај, извозот на линданот кој беше ископан од малата депонија ќе се одвива следната недела.

Бурињата со линдан ќе бидат уништени во Франција. Таму ќе пристигнат со брод кој ќе тргне од Солун. По ова, ќе се направи простор за складирање на новите количини ископан линдан. 

Земјата со која била закопана оваа хемикалија ќе биде однесена во Холандија, каде ќе се прочисти и ќе се користи за друга намена.