Во нашите зафатени и брзи животи, деновите и годините минуваат брзо, но ние не обрнуваме внимание на тоа што сѐ чуваме во нашиот мозок, колку е тој „загаден“ поради нештата кои се случуваат околу нас. Тука е звукот од вревата која е постојано околу нас, тука се и депресијата и тагата, но и нервозата и притисокот од сите нешта кои мораме да ги завршиме како дел од нашите обврски.

Со текот на времето, стануваме програмирани да слушаме некои звуци во секојдневниот живот, но кои почнуваме да не ги приметуваме. Звукот на телевизорот и радиото, вревата во сообраќајот, гласовите во јавниот превоз, разговорите на луѓето околу нас. Сепак, не сме свесни што ни предизвикува таа прекумерна стимулација на нашите клетки во мозокот. Многу истражувања покажуваат дека тоа предизвикува стрес и тоа многу повеќе отколку што сме свесни. 

Сепак, постојат начини на кои можеме да си помогнеме.

Тишината ни помага да се смириме и да се чувствуваме помирни

Доколку себеси би можеле да си дозволиме 1-2 часа тишина во текот на денот, би направиле нешто што е многу здраво за умот и телото. Во тишината, нашиот мозок почнува да се прилагодува на мирната состојба и така се чувствуваме мирни и спокојни. Го регулираме дишењето со нашиот мозок, наместо да се фокусираме на стресните ситуации. Во таква ситуација, би можеле да се чувствуваме и поспано. Но, тоа е поради тоа што нашиот мозок се опушта. Затоа, понекогаш направете го тоа. Одморете го своето тело и ум, без технологијата  и бидете во контакт со вашиот ум. 

Тишината ги поправува нашите клетки во мозокот

Докажан е фактот дека тишината има моќ да ги подмлади и поправи нервните клетки. Ако два часа во текот на денот минеме во тишина, нашиот мозок го почнува процесот на поправување. Меморијата се подобрува, поодморени сме и поголема е нашата толерантност и трпение. Силниот мозок го јакне и телото. Сѐ почнува во сивите келии. Тие реагираат на сѐ што сме изложени. 

Тишината ни носи долгорочно повеќе задоволство

Голем дел од нас се зависни од телевизијата, радиото и телефоните. Тоа е современ начин на живеење, кој не можеме да го избегнеме. Но, размислувате ли каков би бил нашиот живот кога не би биле толку изложени на бесмислените вести кои ги слушаме. Работиме, ги слушаме тие информации, потоа доаѓаме дома и заспиваме пред телевизорот и така во круг. Со исфрлањето или намалувањето на овие работи од нашиот живот, можеме да најдеме подобри работи со кои можеме да ги поминеме нашето време. Задоволството секогаш доаѓа кога ќе ги отфрлиме лошите навики, а не постои причина зошто не би требало да го направите тоа.

Тишината ги подобрува нашите сетила и нашето внимание

Кога седиме во тишина, всушност стануваме свесни за нашето окружување, но во различна димензија. Слушаме звуци кои претходно не сме ги забележувале.  Истовремено, на нашиот мозок му го овозможуваме тоа што му е потребно: фокус. Тоа доаѓа природно.