36 професори и тројца апсолвенти на табло на факултет во Скопје

Годинава на Факултетот за Ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје дипломирале само тројца студенти.

На апсолвентското табло на ветеринарниот факултет може да се забележат само тројца апсолвенти и дури 36 професори кои ѝ предавале на оваа генерација.

Од факултетот за „Канал 5“ велат дека таблото не ја отсликува реалноста со студентите во оваа образовна институција, туку тие тројца студенти подобро се покажале од останатите во генерацијата.

- Македонската тажна реалност, вели еден твитерџија под објавата на фотографијата.