20 илјади евра планира да потроши Градски паркинг за привремени вработувања

За сума од 1 милион и 200 илјади денари или приближно 19,5 илјади евра без ДДВ, Јавното претпријатие Паркинг-Скопје распиша тендер за прибирање понуди за ангажирање Агенција за привремено вработување на електронскиот систем за јавни набавки. 

Критериум за доделување на договорот е најниската цена, а времето на извршување на набавката е 12 месеци.

Според тендерската документација, привремените работи се однесуваат на замена на отсутни работници, aнгажман поради зголемен обем на работа, непредвидени активности… Вредноста на договорот за јавна набавка не смее да го надмине износот на проценетата вредност наведена во документацијата.